четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 112
home Познати

Три годишната ќерка на Кајли Џенер станува бизнисменка, покренува нов бренд

Три годишната ќерка на Кајли Џенер станува бизнисменка, покренува нов бренд

Сторми Вебстер, тригодишната ќерка на најмладата милијардерка во светот Кајли Џенер (23) веќе влезе во бизнис водите.

Кајли, по завршување на шоуто „Во чекор со Кардашијан“, сега води ЈуТјуб канал и во видеата кои ги објавува открива детали од животот. Токму во едно од тие видеа таа истакна дека нејзината наследничка ќе започне сопствен бренд.

-Таа всушност наскоро покренува мал, таен бренд на кој работиме веќе некое време, истакнува Кајли.

Се погласни се шпекулациите дека брендот ќе се вика „Кајли Бејби“ и дека се работи за козметички производи за најмладите. Инстаграм профил со ова име е веќе отворен, но на него нема ниту една објава. Сепак тоа не било пречка 850.000 лица да го заследат.

Малата Сторми, според неофицијални информации, ќе биде водечкото лице на новиот бренд, а веќе започнаа и коментарите дека таа ќе го земе и директорското место.

Најнови вести

Коронавирус