сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 83
home Познати

Трансформација на Игор Ангелов од која нема да го познаете: На едни им личи на дедо Коста, на други на брат Миле, а на трети како Полат Алемдар (фото)

Трансформација на Игор Ангелов од која нема да го познаете: На едни им личи на дедо Коста, на други на брат Миле, а на трети како Полат Алемдар (фото)

Актерот Игор Ангелов децата го препознаваат како детективот Цветко од серијата „Пет плус“ или храбриот Џон Пиплфокс од истоимената претстава на Драмски, а возрасните – некои по ликови во претстави, филмови, серии, како: Трето полувреме, Лазар, Година на Мајмунот, Големата вода, Тврдокорни, а најмногу и по Коста, еден од главните ликови во серијата „Преспав“.

Во „Преспав“ тој ја има улога на Коста односно сопруг на Ула (Тијана Дапчевиќ) и газда на пансионот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Angelov (@igor_angelov) on

Секоја улога Игор ја носи умешно и впечатливо, а периодов работи на снимањето на нов проект од кој има драстигна трансформација на изгледот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Angelov (@igor_angelov) on

Доколку не ви споменевме претходно, веројатно тешко би го препознале. Игор има бела брада и кратка коса.

На многумина им изгледа одлично, па откако ја објви фотографијата се редеа коментарите од типот на тоа дека им личи на стар Коки, на брат Миле, па дури и на лик од турска серија, Полат Алемдар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Angelov (@igor_angelov) on

За каков проект односно во каква улога ќе го гледаме овој побелен „Коки“, осотанува да видиме…

Коронавирус