недела, 9. мај 2021. Вести денес: 127
home Познати

Трамп го заборави текстот на американската химна? (ВИДЕО)

Трамп го заборави текстот на американската химна? (ВИДЕО)

Американскиот претседател, Доналд Трамп, неодамна присуствуваше на натпревар во американски фудбал во Атланта, помеѓу Универзитетот Џорџија и Универзитетот Алабама, кој ќе остане запаметен по еден интересен куриозитет поврзан со првиот човек на САД.

Имено, она што го забележале сите што ја погледнале снимката од интонацијата на националната химна е дека претседателот на САД не успеа баш најдобро да се снајде со зборовите на химната.

На социјалните мрежи се појавија мислења според кои Трамп го заборавил текстот, а неговите поддржувачи велат дека се горди што гледаат дека тој стои за време на интонацијата. Инаку, натпреварот го следеа неколку десетици илјади луѓе.

Во американскиот закон за знамето сепак не споменува дали претседателот треба да ја пее химната за време на нејзина интонација.

Коронавирус