вторник, 27. септември 2022. Вести денес: 111
home Познати

Трагична вистина за најпопуларната поп група: Ја нарекуваа најубавата жена, а депресијата ја уништи

Трагична вистина за најпопуларната поп група: Ја нарекуваа најубавата жена, а депресијата ја уништи

Немала среќа во љубовта иако постигна светска популарност.

Во очите на ѕвездата на АБА, Агнета додека одела низ дворот на лондонскиот хотел имало многу тага и очај. На медиумите им признала дека и покрај мега славата била осамена.

Нејзиниот поранешен сопруг кажал дека Ана го напуштила во 1978 година.

Концертот на АБА на Вембли стадионот бил распродаден, а на настапот на Агнета медиумите пишуваа дека бил безживотен. Таа признала дека целиот успех на групата не и донел среќа, како и дека целата надеж за иднината и е поврзана за синот и ќерката.

Откако заврши АБА идилата, Агнета завршила на лекување и антидепресиви и се повлекла од јавноста.

Кога во 1990 година се омажила за шведски хирург сигурно мислела дека среќата сепак ќе влезе во нејзиниот живот. Сепак по три години бракот завршил. Набрзо по тоа во 1994 година, нејзината мајка се самоубила, а депресијата на Агнета се влошила веќе следната година кога починал нејзиниот татко.

Убавицата од АБА во 1997 година започнува врска со Герт ван дер Граф кој наводно бил опседнат со неа. На крај издадена му е забрана за приближување и истиот е депортиран во Германија. Но, тоа не го спречило повторно да упаѓа во нејзиниот дом, иако имал забрана за влез во Шведска, бидејќи кога истата завршила тој продолжил да ја малтретира.

Тогаш Агнета се вратила во студио и го снимила албумот  „My Colouring Book”.

Инаку, Агнета почнува со пеење од нејзината рана младост. Посетува часови по пијано и свири во локална црква во тоа време. На 13 години со своите две пријателки ја освова групата „The Cambers“.

По напуштање на групата работи како придружен вокал во друга група и како секретарка. Во ек на голема популарност на бендот одлучува да ја избере кариерата бидејќи како што вели сака да биде позната и на телевизија.

За време на гостувањето во една емисија каде веќе има соло кариера го запознава Бјорн. Две години подоцна се венчаат и почнуваат музичка соработка. Нивниот брак траеше девет години, а се разведуваат во текот на најолоднито период на АБА, што резултира со песната „ The Winner Takes It All “

Во 1983  по распадот на АБА, Агнета се посветува на соло кариера. Објавува албум, а продолжува со снимање и години подоцна .

Кога во 2010 се појави во јавност рака под рака со Бјорн на премиерата на мјузиклот Мама Миа во Копенхаген на обожавателите им даде малку надеж по изјавата дека можно е повторно собирање на легендарната четворка. Но, групата никогаш повторно не се состави.

Најнови вести

Коронавирус