вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 177
home Познати

ТРАГЕДИЈА: Убиен 19-годишен рапер, еве ги деталите

ТРАГЕДИЈА: Убиен 19-годишен рапер, еве ги деталите

Шведската хип-хоп ѕвезда Еинар, 19-годишен рапер, беше застрелан во петокот вечерта во Стокхолм, што ја вознемири јавноста во таа скандинавска земја, каде што се почести се оружените пресметки.

Убиството се случи по серијата напади, киднапирања и злосторства во изминативе години кои сведочат за порастот на насилството на малата сцена на шведскиот „гангста рап“ кој понекогаш е поврзан со мрежа на криминални банди.

Вистинско име на момчето е Нилс Курт Ерик Еинар Гренберг, кое веќе беше жртва на киднапирање во 2020 година. Тој е погоден од неколку истрели пред зграда во станбениот кварт Хамарби Сјоестад.

Еинар починал од повредите набргу откако брзата помош пристигнала околу 23 часот по средноевропско време во инаку тивка населба во близина на центарот на главниот град, изјави портпаролката на полицијата во Стокхолм, Тоу Хег.

Во тек е истрага за убиството, а полицијата ги испрашува сведоците за да се пронајде виновникот или виновниците.

Раперот кој пееше на шведски јазик беше најслушаниот пејач на Спотифај во Шведска во 2019 година, кога се прослави со песните „Katten and Trakten“ („Мачка во секторот“) и „Nu vi skiner“ („Сега кога блескаме“). Но, неговиот успех го следеа ривалството и конфликти со други домашни ѕвезди. Во многу од неговите песни, тој пееше за проблемите поврзани со малолетничката деликвенција, дрогата и оружјето.

Најнови вести

Коронавирус