петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Познати

Трагедија: Почина актерката Џесика, имаше само 38 години

Трагедија: Почина актерката Џесика, имаше само 38 години

Актерката Џесика Кемпбел почина на 38-годишна возраст.

На македонската публика ѝ е најпозната по филмот „Избори“ во кој глуми покрај Рис Витерспун и Метју Бродерик, а првата позначајна улога ја имаше во 1992 година во серијата „Она што е најдобро за децата“ каде глуми заедно со ѕвездата од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер.

Пред неколку години Кемпбел се повлече од актерството за да ѝ се посвети на неврохирургијата.

Трагичниот настан се случил за време на нејзината посета на пациентите во текот на праксата.

Актерката се онесвестила, а лекарите не можеле да ѝ помогнат. Причината за смртта е непозната.

Со неа се прости и актерката Рис Витерспун.

„Моето срце е скршено. Ми беше задоволство да работам со неа”, напиша таа на Твитер.

Џесика Кемпбел зад себе остави десетгодишен син.

Најнови вести

Локални избори 2021