сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Познати

Трагедија на фронтменот на најпопуларната поп група: АББА беше светски феномен, а тој не се сеќава на ништо!

Бјорн и Бени продолжиле заедно да соработуваат, а Агнет и Фрида си отишле секој по свој пат работејќи на соло албуми. Бени Андерсон од шведската влада добил почесна титула професор поради својата "способност да создава вредна музика за луѓето ширум светот".
Трагедија на фронтменот на најпопуларната поп група: АББА беше светски феномен, а тој не се сеќава на ништо!

Бјорн Кристијан Улвес е шведски пејач, музичар, гитарист, текстописец и еден од членовите на легендарната поп група на сите времиња – АББА.

Бјорн бил оженет со колешка од групата Агнета Фалтског во период помеѓу 1971 и 1979 и од тој брак имаат две деца – Кристина и Линда. Од вториот брак со Лена Калерс со која се оженил во 1981 има две деца Ема и Ана.

На својот 13 роденден добива подарок електрична гитара што било прв чекор кон остварување на една успешна музичка кариера. Уште како тинејџер бил член на The Hep Stars i The Hootenanny Singers.

Бјорн тука се запознава со Бен Андерсон. Младите музичари станале пријатели за време на излет на заеднички концерт со своите групи и во 1966 година започнуваат соработка.

Откако во 1970 година го објавиле албумот „Lycka“ на снимањето на песмата „Hej gamle man” Бјорн и Бени ги носат своите девојки Ани-Фрид Лингстад и Агнета Фалтског да бидат пратечки вокали… АББА тогаш е родена.

Облека за која не мора да се плаќа данок

На почеток на кариерата членовите на АББА пронашле “дупка” во законот – ако уметниците носат костими за настапи кои се “неверојатни и нема да се носат по улица”, за нив не мора да се плати данок. А во Шведска данокот бил доста висок.

Бјорн сето тоа го напишал во својата автобиографија.

– По мое мислење, изгледавме како ненормални. Никој не можеше да се облече толку лошо на сцена како ние, напишал тој.

Приватен и професионален распоред

Агнет открила дека најомилена песна на АББА е “The Winner Takes It All'”. Таа песна, имено Бјорг ја напишал после разводот.

– Бјорн ја напишал песната откако нашиот брак се распадна во 1980 година и тоа тогаш навистина ме погоди. Тажна е, но истовремено фантастична, рекла во една прилика пејачката.

Таа ретко се гледала со Бјорн – само за родендените на нивните деца.

Нивниот последен заеднички настап на кој го извеле својот зеднички синлг “Under Attack”, се случил 11 декември 1982 година.

После АББА

Бјорн и Бени продолжиле заедно да соработуваат, а Агнет и Фрида си отишле секој по свој пат работејќи на соло албуми. Бени Андерсон од шведската влада добил почесна титула професор поради својата “способност да создава вредна музика за луѓето ширум светот”.

Освен тоа, мјузиколот “Мама Миа”, кој го напиша Бјорн Улвеус постигна голем успех. Мјузиклот стана хит на лондонскиот Вест Енду и на Бродвеј, а добил и пет номинации за наградата Тони.

Андерсон и Улваус исто така напишале епски мјузикл “Kristina fran Duvemala” и “Chess”, љубовна приказна која се случува за време на “Студената војна”

Интересно е да се спомене дека Бјорн кој е сопственик на ресторан го носи впечатливото име – Мама Миа.

Сепак, животот на Бјорн го бележа една голема несреќа. Пејачот во 2008-ма година признал дека пати од деменција – има трајно губење на помнењето поради која не може да се сети на бројни спомени од својот живот, па така и за најуспешните моменти од кариерата на АББА.