сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 70
home Познати

Тоти се сретна со девојката која се разбуди од кома

Тоти се сретна со девојката која се разбуди од кома

Франческо Тоти покажа дека е легенда и надвор од фудбалот, откако се сретна со Иленија Матили, 19-годишната поранешна фудбалерка и голем навивач на Рома, која се разбуди од кома слушајќи ја неговата видео порака со поддршка.

Родителите на Иленија, неодамна, во интервју за весникот „Ла република“ објаснија дека видео пораката на Тоти со зборовите: „Не предавај се Иленија, сите сме покрај тебе“, помогнала таа да излезе од кома во која била поставена во декември минатата година по тешката сообраќајна несреќа. Тие исто посакаа тој да дојде да ја посети.

Тоти ја исполнил желбата на родители ја посетилболницата во Рим каде што Иленија го продолжува опоравувањето – уште не зборува, но со помош на таблет комуницираше со Тоти.

Се насмеа, ме гушна и заплака. Беше прекрасно да ја запознаам и ќе се видиме кога ќе излезе од болница. – вели Тоти.

Тоти целата фудбалска кариера ја помина во Рома и заслужено го доби надимакот „Принцот од Рим“

Коронавирус