петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Познати

Тотална војна меѓу Пике и Шакира: Фудбалерот и приреди силен удар на колумбиската пејачка

Тотална војна меѓу Пике и Шакира: Фудбалерот и приреди силен удар на колумбиската пејачка

Врската помеѓу Шакира и Жерар Пике беше прекината пред неколку недели. Тие двајца беа заедно 12 години и имаат две деца: Милан и Саша.

Токму децата овие деновиве се „јаболкото на раздорот“ меѓу Шакира и Пике. Пејачката сака да ги однесе на одмор во Мајами, на два месеци, додека фудбалерот на Барселона веќе и соопштил на поранешната партнерка дека дефинитивно е против тоа.

За Шакира да ја напушти Шпанија со децата, Пике треба да потпише полномошно, што шпанскиот дефанзивец не е подготвен да го направи. Шпанските медиуми ја дознаваат и причината поради која фудбалерот одбива да даде согласност Милан и Саша да го поминат одморот преку океанот.

Како што наведува Марка, Пике би рекол дека не се согласува со тоа што малите остануваат толку долго подалеку од нивната баба и дедо, родителите на играчот. Бидејќи се со внуците од првиот ден од животот, Жерар Пике тврди дека таквата разделба би ги погодила Милан и Саша.

„Односот меѓу нив е исклучително напнат, многу далечен, а преговорите ќе бидат многу тешки“, велат шпанските новинари.

Да потсетиме, папараците пред неколку дена ја уловија Шакира која изгледа целосно уништено додека се вози дома.

На сликите се гледа многу тажна и внимателна поп пејачка, а ова се и нејзините први слики во јавноста по раскинувањето со Пике.

Да потсетиме дека претходно се појавија неколку пораки напишани со спреј пред нејзината куќа. Непознат маж и напишал дека ја сака и доаѓа по неа и дека е подготвен да се ожени со неа.

Сето тоа го пријавила во полиција, се грижи за нејзината безбедност, а во меѓувреме планира да отпатува во Мајами и таму да го продолжи животот.

Коронавирус