сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 47
home Познати

Тони Цетински соочен со затворска казна

Тони Цетински соочен со затворска казна

Општинското државно обвинителство покрена обвинение против Тони Цетински, а истото е потврдено.

Сообраќајната несреќа во Ровињ во 2017 година во која настрадат пешак, покрај траума, за пејачот ќе донесе и затвор во случај да се докаже дека е виновен, и тоа во времетраење од 1 до максимум 8 години за ова кривично дело.

Според обвинението, Цетински предизвикал несреќа со смртни последици од невнимание кршејќи ги прописите за безбедност и сообраќај. Според одредбите на Казнениот закон, во случај со правосудна пресуда да му се докаже вината, му се закануваат од 1 до 8 години затвор.

Тони вели дека неизмерно жали поради тоа што се случило. но се труди и понатаму нормално да живее и да функционира, и покрај болката која ја нанел на починатиот 62-годишен Ибрахим Кевљанин.