сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 46
home Познати

Тони Цетински 10 години минува низ семејна агонија: „Кога е тешко молитвите не се доволни“

Тони Цетински 10 години минува низ семејна агонија: „Кога е тешко молитвите не се доволни“

ПејачотТони Цетински со години поминува низ вистинска семејна агонија. Откако родителите му биле уапсени поради обвинение за корупција и измама, тој е обивнет за предизвикување на сообраќајна несреќа и таа постапка е во тек.

-Кај мене изминативе 10 години нема ништо нормално. Се во животот ми идеше со потешкотии, но на крајот пливав некако на површина. Работно е повеќе од добро. Не беше едноставно. Имав приватни проблеми, работи кои им се случија на родителите и се она што ме дочека мене. Кога е тешко, молитвите не се доволни.Работата и односот со публиката која секојдневно ме поддржува е нешто што ме одржува. Секако мора да имате нови песни и не може да живеете на стара слава. но секохаш се трудам да работа се подобро. Публиката е со мене и во дбро и во зло. Кога не ми беше едноставно, таа ми помогна да се кренам – признава Тони.

Тој вели дека и покрај сите стресни моменти не побарал стручна помош.

-Никогаш не отидов да побарам стручна помош. Запознав еден психолог со кој пријателски разговарав, тогаш ми рече дека сфатил дека повеќе јас нему сум му помогнал отколку тој на мене. Многу сум јал и кога треба да се вратам во колосек не сум од оние типови кои ќе се предадат и ќе потонат или ќе отидат во првата кафеана да се напијат од мака. Победници не се оние кои паѓаат, туку тие кои успеваат да се кренат – рекол пејачот.