четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Том Круз се разбуди: Пет години си ја немаше видено ќерката, а сега му текна дека е татко

Том Круз се разбуди: Пет години си ја немаше видено ќерката, а сега му текна дека е татко

Актерот Том Круз (57) со години нема никаков контакт со својата ќеркичка Сури (13), која ја доби во брак со актерката Кејти Холмс (40). Од девојчето го одалечи сиентолошката црква бидејќи наводно таа претставувала потенцијален извор на проблеми.

Со години американските медиуми пишуваа како поранешната сопруга на Том Круз е противничка на неговата црква. Откако наводно пет години не бил во контакт со Сури, Круз, како што пренесува „In Touch“, повторно се одлучил да изгради однос.

-Том по подолго време видел фотографија од Сури и забележал дека таа полека расте во негово отсуство и тоа пресудило. Ако некогаш се одлучи да ја напушти синтологијата, тоа ќе биде само поради неговата ќерка. Бидејќи Сури нема фигура на татко во својот живот, ова би била идеална прилика да се смират додека се уште не е предоцна, но сиентолошката црква е запознаена со најмрачните тајни на Том Круз, па доколку се одлучи да ја напушти, тие тајни најверојатно ќе бидат обелоденети, изјави извор близок на семејството за „In Touch“.

Денес Сури има  13 години, а фановите социјалние мрежи ги натрупаа со фотографии и коментари. Пораснала, како што велат, во вистинска убавица.

Најнови вести