петок, 20. септември 2019. Вести денес: 118
home Познати

Толку од необичните имиња: Ким Кардашијан откри како ќе се вика четвртото дете

Толку од необичните имиња: Ким Кардашијан откри како ќе се вика четвртото дете

Ќе се вика Роб, што е прекар на мојот брат Роберт. Кание се согласи со тоа. Иако тоа уште не е конечна одлука бидејќи на децата главно имињата им ги даваме неколку денови откако ќе се родат, кога ќе сфатиме кое име најмногу му прилега, но судејќи по се ќе се вика Роб, иако тоа не се вклопува со имињата на останатите три деца. Норт, Сеинт, Чикаго и Роб, не звучи баш изедначено, зарем не?

Ова го изјави најпознатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан во ноќното шоу на комичарот Џими Кимел.

Таа и нејзиниот сопруг Кание Вест, овој пат чекаат момче, а на изненадување на многумина, тие одлучиле да му дадат име кое не ја продолжува традицијата на претходните три необични имиња на нивните деца.