среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 153
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Познати

Тој е еден од најскапите фудбалери на светот, а неговата девојка се бакнува со друг фудбалер – тој не му верува на ова видео

Тој е еден од најскапите фудбалери на светот, а неговата девојка се бакнува со друг фудбалер – тој не му верува на ова видео

Љубовниот триаголник помеѓу фудбалерот и убавата моделка е главна тема во португалските медиуми, а еден од актерите во целата приказна е Жоао Феликс, фудбалер на Атлетико Мадрид и човекот со петти најскап трансфер во историјата на фудбалот.

Феликс веќе некое време е во врска со португалскиот модел Магуи Корсеиро, а португалските медиуми сега во целата приказна го вклучија и Педро Поро, шпански фудбалер кој настапува за Спортинг Лисабон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by João Félix (@joaofelix79)

Имено, на социјалните мрежи се појави видео од ноќен клуб во кое се тврди дека Корсеиро и Поро се снимени како се гушкаат и се бакнуваат. Видео снимката не е баш најјасна, па не може со сигурност да се каже дека се на неа токму тие, но тоа дефинитивно не е исклучено од можностите.

Има уште една видео снимка, онаа по натпреварот со Спортинг каде Поро го дава дресот на Корсеиро, иако многу млади навивачи на клубот бараат од него да го добијат дресот.

Целата приказна доби толку големо внимание во португалските медиуми што Поро почувствува дека мора да реагира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Margarida Corceiro (@magui_corceiro)

„Оваа ситуација е целосно непријатна. Имам посебен однос со неа, но никој никому не е неверен. Мојот имиџ нема да го наруши ништо, барем вакви работи бидејќи можам да правам што сакам. Престанете да не клеветите тројцата нас кога нема потреба“, напиша Поро во објава на социјалните мрежи.

Се огласи и Корсеиро, прашувајќи се колку малку се срамат оние што шират вакви вести, а засега во приказната само Феликс молчи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Margarida Corceiro (@magui_corceiro)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Margarida Corceiro (@magui_corceiro)

Коронавирус