На 2-годишнината од смртта на својата сакана баба, Ана Николиќ објави емотивна порака со фотографии, со кои ги растажи своите обожаватели, кои ѝ го порачаа тоа во своите коментари.
-На светот никој не се сака како баба. Тоа е посебна љубов. И слободно можам да кажам единствената безусловна љубов, покрај љубовта на мајката кон детето… Ми недостасуваш многу имногу сум среќна што ти ја исполнив најголемата животна желба. Да ме видиш со моето дете во рацете, пред да починеш. Те сакаме, бабо, засекогаш твои А и Т, напиша популарната пејачка.