среда, 20. јуни 2018. Вести денес: 71
home Познати

Тинејџерската ѕвезда ја раскина двегодишната врска и по само неколку недели го кажа судбоносното „Да“

Тинејџерската ѕвезда ја раскина двегодишната врска и по само неколку недели го кажа судбоносното „Да“

Изгледа дека реши да се врати на старо, па тин ѕвездата, Аријана Гранде се одлучи по раскинувањето на двегодишната врска – своето срце да му го поклони на комичарот Пит Дејвидсон. Овој пар, според светските таблоиди, се верил, а необично големиот прстен на нејзината рака тоа и го потврди.

Дваесет и четиригодишната Аријана ја раскина својата врска со раперот Мак Милер, а само по неколку дена влезе во врска со Пит. Беше очигледно дека хемијата се создала уште додека таа беше во врска, а Пит и помогна во донесување на одлуката за раскинување со Милер.

 

-Оваа веридба е свежа. Тие се само двајца луѓе кои брзо ја пронајдоа љубовта и кои се прават среќни еден со друг. Од минатиот викенд веќе не го кријат тоа. Аријана и Пит засега не размислуваат за венчавка и основање на семејство, како што велат, никаде не се брзаат, се ќе дојде во свое време, изјави неименуван извор за магазинот Пипл.