понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 8
home Познати

Тешко да познаеш која е која: Марјана, Лила или Елена Велевска (фото)

Тешко да познаеш која е која: Марјана, Лила или Елена Велевска (фото)

Кога одредени модни и естетски трендови ќе завладеат, се повеќе припаднички на понежниот пол не можат да одолеат, а да не влезат во рамките на конформизмот.

Речиси секоја дама веќе посакува да има пополнети усни, зголемени гради, долга коса или едноставно кажано да биде ремек дело на новото модерно време.

Токму познатите пејачки, водителки и инфлуенсерки на социјалните мрежи се оние кои секогаш изгледаат одлично и на некој начин ги мотивираат останатите кога визуелноста е во прашање.

ТВ водителките Лила Филиповска, Марјана Станојковска и пејачката Елена Велевска периодов дури тешко можеме да ги распознаеме. Сите три имаат слична нијанса на косата (а и често ја менуваат) имаат полни усни ама и полна и раскошна предница која гордо ја истакнуваат пред очите на бројните следбеници и обоижаватели.

Деновиве забележавме и дека имаат исти очила за сонце, па кога ќе ги споредиме нивните фотографии во сличен стајлинг и аксесоари, сетилото за вид малку треба да се потруди да препознае која е која.

Веруваме дека Марјана најлесно ќе ја препоизнаете бидејќи има најсветла руса коса, но Елена и Лила овој пат како да се близначки.

 

Коронавирус