четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 140
home Познати

Тешка ноќ: Цеца нудела пари за помош на момчето што го нокаутира нејзиниот син (ВИДЕО)

Тешка ноќ: Цеца нудела пари за помош на момчето што го нокаутира нејзиниот син (ВИДЕО)

Синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко, ниже триумфи во спортот што го обожава – боксот – а последната победа ја оствари против Данило Стаќоне нокаутирајќи го, по што реагирала итна помош.

Цеца откри во јавноста дека многу се исплашила за момчето што загуби во рингот од нејзиниот син.

-Едноставно, јас не можам психички да издржам да ги гледаме мечовите. Кога се случи последниов нокаут, се престрашив поради младото момче. Истата вечер се јавував три, четири пати за да дознам во каква здравствена состојба се наоѓа, му понудив човечка и финансиска помош за не дај Боже, иако боксерите потпишуваат дека во рингот влегуваат на сопствена одговорност и дека се подготвени да ги прифатат последиците, вклучувајќи ги и најлошите. И Вељко се распрашуваше за момчето, тоа утредента излезе од болница, беше во добра состојба и можеше да патува“, изјави Цеца.

Најнови вести

Коронавирус