Бразилецот Нејмар за да ја зголеми својата безбедност неодамна ангажираше професионален УФЦ борец во својот тим, но сега токму телохранителот на бразилската ѕвезда се најде во центарот на вниманието бидејќи изеде ќотек за сите пари на последниот УФЦ спектакл.
Нордин Талеб добива висока плата од Нејмар на неделно ниво, но исто така професионално се натпреварува и во УФЦ борбите, каде изминатиов викенд беше поразен во дуел во кој изеде ќотек за сите пари.
Талеб беше брутално избоксуван од страна на Стрикленд во УФЦ борбата и можеше да се види во една навистина подредена ситуација, па дел од француските таблоиди почнаа да се шегуваат и да поставуват прашање дали Бразилецот го ангажирал вистинскиот човек…
?? @SStricklandMMA def. Nordine Taleb ??
via. TKO (punches) – Round 2 (3:10) #UFCMoncton ??— Mikey Thomas (@MikeyThomasMMA) October 28, 2018
Извор: Дерби