вторник, 11. август 2020. Вести денес: 0
home Познати

Телохранителот на кралското семејство уште пред 30 години знаел што ќе се случува: Хари сам си го предвидел распадот во семејството!

Телохранителот на кралското семејство уште пред 30 години знаел што ќе се случува: Хари сам си го предвидел распадот во семејството!

Поранешниот телохранител на принцезата Дајана, Кен Варф се сети како еднаш го слушнал тогаш четиригодишниот принц Хари, како на својот брат Вилијам му вели дека „може да прави што сака зошто нема да биде крал“.

Телохранителот Варф раскажа што се случило пред 30 години кога семејството патувало еден викенд од Лондон. Имено, принцовите Хари и Вилијам се карале за време на патувањето.

„Се сеќавам на моментот кога Хари како четиригодишно дете патуваше за викенд. Тој и неговиот брат имаа кавга на задното седиште од автомобилот. И на крајот, Хари рече – Еден ден ти ќе бидеш крал, а јас нема, така да можам да правам што сакам“.

Според зборовите на Варф, Дајана на тоа запрашала: „Од каде му е сега па ова по ѓаволите?“.

Токму таа реченица на тогаш малиот Хари на некој начин ја „најави“ сложената врска помеѓу двајцата браќа која во последно време стана многу напната.

„Морате да запамeтите дека тој е еден од најпопуларните членови на кралското семејство. Сите ја гледавме венчавката во Виндзор и сите рековме дека тоа е иднината на монархијата. И, сега се чини како сето тоа да се распаѓа“, изјави телохранителот Варф за британските медиуми.

Коронавирус