среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 25
home Познати

Тејлор Свифт во правна битка со поранешните менаџери

Тејлор Свифт во правна битка со поранешните менаџери

Ознаката #IStandWithTaylor собира голема поддршка од твитерџиите обожаватели на Тејлор Свифт, како нејзина борба против претходните нејзини менаџери.

Во правна смисла, Скутер Браун и Скот Борчета сè уште ги поседуваат правата за претходните песни на Свифт, иако немаат удел во создавањето на композициите. Но сепак, тие стојат на ставот дека не ѝ дозволуваат да ги изведува, сè додека пејачката законски не добие дозвола за тоа.

Според информациите, Браун и Борчета нема да ѝ дозволат да пее песни од претходните нејзини албуми на претстојните Американски музички награди, а судската разврска околу тоа се очекува да биде разрешена следната година.

Тејлор Свифт потоа ги повика нејзините следачи и обожаватели за помош, по што поддршката за неа беше огромна.