понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Познати

Тажна вест: Познат македонски музичар почина од компликации од коронавирус

Тажна вест: Познат македонски музичар почина од компликации од коронавирус

„Познатиот музичар-саксафонист, нашиот драг и ценет пријател Ице Атанасовски од Битола почина од компликации со коронавирусот“, објавија на социјалните мрежи неговите роднини и колеги.

Музичарот претходно го прележал Ковид-19, но по некое време му се појавиле компликации со здравјето, како резултат на вирусот.

Неговите колеги и пријателите со неверување се простуваат од Атанасовски на социјалните мрежи.

Ице Атанасовски е роден 18 ноември 1978 година во Битола и до пред некоја година беше член и на групата „Модус“.

РЕДАКЦИЈАТА НА КУРИР ИЗРАЗУВА ИСКРЕНО СОЧУВСТВО ДО НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО, ПРИЈАТЕЛИТЕ И КОЛЕГИТЕ

ЕУРО 2020

Македонија