четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 74
home Познати

ТАЖНА ВЕСТ: Почина басистот на познатата рок-групата „Зи-зи топ“

ТАЖНА ВЕСТ: Почина басистот на познатата рок-групата „Зи-зи топ“

Басистот на рок-групата „Зи-зи топ“, Дасти Хил почина на 72-годишна возраст. Гитаристот починал во сон во неговиот дом во Хјустон, Тексас, САД.

Веста за неговата смрт на Фејсбук ја објавија членовите на групата.

Хил е роден на 19 мај 1949 година. Тој свиреше бас-гитара со бендот, пееше придружни и главни вокали и беше на клавијатури. Беше вклучен во „Рокенрол-салата на славните“ како член на „Зи-зи топ“, во 2004 година.

Коронавирус