сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 80
home Познати

Тажна вест: Почина актерот познат по улогата во „Војна на ѕвездите“

Тажна вест: Почина актерот познат по улогата во „Војна на ѕвездите“

Актерот Питер Мејхју, познат по улогата на Чубака во трилогијата „Star Wars“, почина на 74-годишна возраст во неговиот дом.

Неговото семејство во длабока тага ја соопшти веста дека актерот почина на 30-ти април.

Според Џ.В. Ринзлер, авторот на книгата „Правењето на Star Wars“, Мејхју бил одбран за улогата на Чубака сосема случајно и остана „Чубака“ цели 30-години.

Питер Мејхју никогаш не престана да биде во улогата на Чубака. Тој се појави во сите продолженија на „Star Wars“ до 2017 година, кога се откажа од актерската професија поради компликации на здравствената состојба.

Коронавирус