среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 142
home Познати

ТАЖНА ВЕСТ: Почина 21-годишен рапер

ТАЖНА ВЕСТ: Почина 21-годишен рапер

Американскиот рапер Juice WRLD, чие вистинско име е Џаред Хигинс, почина на 21-годишна возраст, пренесе интернет таблоидот TMZ повикувајќи се на неколку извори во полицијата.

Пејачот утрово стигнал на меѓународниот аеродром во Чикаго, каде што допатувал од Калифорнија. Кога докторите дошле на местото на настанот, тој крварел од устата, но сѐ уште бил свесен.

Раперот веднаш бил пренесен во болница, каде што починал. Причината за неговата смртт засега е непозната.

Раперот Juice WRLD е најпознат по негвоите синглови „All Girls Are the Same“ и „Lucid Dreams“.

Во мај годинава тој беше прогласен за „Најдобар нов артист“ на церемонијата на врачувањето на наградите Billboard Music Awards, кои секоја година ги доделува реномираното музичко списание Billboard.