недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 10
home Познати

Тажна исповед на младата холивудска актерка: Сите празници и родендените ги поминав во болница

Тажна исповед на младата холивудска актерка: Сите празници и родендените ги поминав во болница

Актерката Сара Хиланд, која стана позната во серијата „Модерно семејство”, раскажува за својата агонија поврзана со болеста на бубрезите.

Сара за американските медиуми раскажува дека преживеала 6 операции за последните 16 месеци, меѓу кои и две  трансплантации на бубрези и дека сите празници и родендените последниве години ги минала во болница.

Откако првата трансплантација била неуспешана, Сара западнала во длабока психичка криза и помислувала на самоубиство.

Здравствената состојба и се влошила во 2012-та, а донор бил нејзиниот татко. Но, во 2016-та состојбата и се влошила и организмот и го отфрлил бубрегот.

Во мај 2017-та уште еднаш била на трансплантција, а овој пат донор бил нејзиониот помлад брат Иан (23).

Освен бубрезите, организмот почнал целосно да и страда и се појавиле и други проблеми, така што само за последните 16 месеци имала 6 операции.