недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 72
home Познати

„Татко ми почина од тага“: Потресно сведоштво на Неда Украден

„Татко ми почина од тага“: Потресно сведоштво на Неда Украден

Пејачката Неда Украден беше гостинка на ТВ Пинк, па во емотивен разговор откри тешки детали од приватниот живот.

-Најлошото нешто за мене беше промената на адресата заради војните во 90-тите години. Никој не разбира дека, кога го напуштив станот во Сараево, отидов во Шведска на службено патување, никогаш повеќе не влегов во мојот стан. Опремен како црква, како што би рекла баба ми. Заминав тој март и мојата нога никогаш повеќе не го премина прагот на тој стан. Целиот живот тоа сте го создавале, вредно сте го собирале, донесувавте… Сето тоа остана заклучено некаде, секако ограбено, открива Неда.

Од многуброните детали кои ги откри, најтажно р тоа за нејзиниот татко.

-Распаѓање на земјата во која толку многу веруваше, тој го даде својот живот за тоа, тој беше борец … Беше тешко да му се објасни на човекот како после сета таа љубов и лојалност кон својата земја, град, неговата професија што ја работел чесно, како одеднаш станавте персона нон грата, како сте како будала што сте наивни. Деведесеттите се години што би сакала да ги избришам, тоа беа години на лоши вести. Ова изгоре, ова е ограбено, овде те забраниле од програма, радио …

„Татко ми и мајка ми беа моите столбови, моите најдобри пријатели, луѓето што живееја за мене. Татко ми почина од тага во 1997-та година, а јас и мајка ми живеевме, таа се даде на нас, мене и мојата Јелена“, вели Неда со кнедла во грлото.

ЕУРО 2020

Македонија