четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 117
home Познати

Тарантино се борел со разбојници во неговиот дом, ги фатил на дело и им одржал лекција

Тарантино се борел со разбојници во неговиот дом, ги фатил на дело и им одржал лекција

Славниот оскаровец, режисерот Квентин Тарантино, успеал да ги избрка разбојниците, кои упаднале да крадат во неговиот дом.

Тарантино во неделата успеал да совлада двајца разбојници, кои упаднале во неговиот дом со намера да го ограбат. Тие упаднале во неговата куќа во Холивуд, но режисерот на бројни култни филмови ги изненадил и ги избркал.

Сега полицијата ги прегледува снимките од безбедносните камери за да го утврди идентитетот на разбојниците.

Тарантно неодамна заврши со снимањето на уште еден голем филм, ,,Беше еднаш во Холивуд”, во кој се раскажува за убиствата извршени од семејството Менсон.

Инаку, Тарантино не е единствена холивудска ѕвезда која се соочила со крадци. Неодамна беа ограбени куќите на славните рапери Виз Калифа и Пост Малоун, како и на актерката Бела Торн.

Коронавирус