недела, 12. јули 2020. Вести денес: 135
МЕГА БОМБА

Нуклеарна бoмба: Заев зема рeкет од 6 милиони евра! (АУДИО)

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

home Познати

Тања Савиќ поминува низ многу тежок период “Се расплакувам кога сум сама, но се трудам да останам јака”

Пеачката е два месеци раздвоена од своите синови, кои се со нивниот татко во Австралија
Тања Савиќ поминува низ многу тежок период “Се расплакувам кога сум сама, но се трудам да останам јака”

Српската пеачка Тања Савиќ, веќе подолго време е раздвоена од своите синови, поради корона вирусот морала да остане во Србија, а заради целата ситуација е спречена да одлета за Австралија, пренесуваат српските медиуми.

Тања во цел овој период на пандемија е кај своите родители во селото Радиачац, Смедерево, а од моментот кога нејзиниот сопруг Душан Јованчиќ ги однел децата, нестрпливо го чека денот кога повторно ќе се прегрнат.

-Од децата сум раздвоена два месеци и најважно ми е само да ги прегрнам, едвај го чекам тој момент. Секој ден се слушам со синовите на видео повик, им раскажувам што се случува овде, а они мене ми раскажуваат што се случува таму, како го поминуваат времето и што прават. Многу ми недостигаат, ме засмеваат и преку телефон, ама не е тоа тоа како кога сум покрај нив. Авионите не летаат сега, така да ми е скратено прегрнувањето со моите деца. Ќе бидам стрплива, се надевам дека ќе отидам за Австралија и дека ова со короната наскоро ќе се реши, изјавила Тања, пренесуваат српските медиуми.

-Се расплакувам често кога сум сама, но никогаш пред нив. Многу ми недостасуваат. Тешко им е и на нив, ама они се деца, па го прекриваат некако незадоволството и тој недостаток на мајка. Веќе знаат дека ќе се слушнеме секој ден, во некое одредено време, зарди временска зона. Пробувам да им надоместам тоа што не сум покрај нив, и секогаш им зборам: “Дојдете, мајка ви ве чека, мајка ви ја средува куќата.” Се трудам да останам јака, истакна пеачката, пренесуваат српските медиуми.

 

Парламентарни избори 2020