недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 91
home Познати

Тања Савиќ открива какви се реакциите кога се појавува на родителска

Тања Савиќ открива какви се реакциите кога се појавува на родителска

Пејачката Тања Савиќ гостуваше во емисијата „Премиера-викенд специјал“ и по тој повод проговори за здравствените проблеми кои ја мачат во последно време.

Таа откри дека неодамна била на лекар.

-Четири часа бев на лекар, ме прегледаа, ми дадоа лекови за гласните жици. Јас се надевам дека публиката ќе ми помогне во пеењето, вели Тања.

Пејачката истакна и дека на родителските средби за своите синови оди таа, но родителите на останатите деца најчесто не ја препознаваат.

-Јас мислам дека половина не ме препознаваат, можеби и повеќе од тоа, затоа што сите се странци, вели пејачката Тања Савиќ.