сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 81
home Познати

Тамара: Многу сум лута на мојот народ што поверуваа дека сум се продала за пари

Тамара: Многу сум лута на мојот народ што поверуваа дека сум се продала за пари

Македонската пејачка Тамара Тодевска која на овогодинешната прослава на Денот на независноста во американската амбасадаво Скопје со своја „верзија“ ја испеа македонската химна од која ги исфрли стиховите во кои се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Во интервју за за Wiwibloggs, Тодевска првпат проговори за случката со химната и откри низ што поминала:

„Беше ненамерна грешка и омразата започна. Ме мразеа толку многу! Тоа беше период кога требаше да бидам среќна, горда на себе, а јас бев затворена помеѓу четири ѕида. Се прашував што се случи…

На луѓето кои ме знаат им е јасно дека никој не може да ми каже што да правам. Едноставно згрешив, не беше професионално, но сите грешат. Ова е прв пат да зборувам за тоа, но многу им бев лута на моите луѓе. Тие веруваа дека јас сум се продала. Тие заборавија се, само по два месеци! Велат дека жирито гласало за мене бидејќи го променивме името, не, тие гласаа за нас бидејќи бевме добри“ кажа Тамара и првпат проговори на оваа тема.

 

Коронавирус