петок, 19. април 2019. Вести денес: 155
home Познати

Тамара го виде него и се расплака среде емисија- беше добар човек и мој најдобар пријател… (ВИДЕО)

Тамара го виде него и се расплака среде емисија- беше добар човек и мој најдобар пријател… (ВИДЕО)

Македонската пејачка и претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска гостуваше во емисијата „Б со точка“ каде низ фотографии се потсетуваше на разни периоди од својот живот.

Кога водителот ѝ покажа фотографија од нејзиниот пријател, прерано почитаниот пејач Влатко Илиевски, Тамара не можеше да ги задржи солзите.

„Тој беше многу добар човек, многу добро дете. Беше светла точка во мојот живот. Човек со кого детството го поминав. Учевме заедно во средно музичко. Тогаш, почнавме да се дружиме. Памтам како вчера да беше кога се сретнавме во парк и се спријателивме првиот ден. Како што се спријателивме така не се разделивме “ кажа Тодевска.

Влатко Илиевски почина минатата година на 6. јули.

Моментот на нејзиното сеќавање со Влатко започнува од 38-та минута, погледнете.