недела, 29. март 2020. Вести денес: 41
Во живо

Во 12 часот прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

home Познати

Талат од „Преспав“ со извонредно јавување во вонредната состојба: „Останете си дома, секое лошо за добро е“ (видео)

Талат од „Преспав“ со извонредно јавување во вонредната состојба: „Останете си дома, секое лошо за добро е“ (видео)

Главна тема во сите медиуми во последниот месец е коронавирусот кој се повеќе се шири.

Ако ги вклучите ТВ екраните ќе слушате само вести, пресконференции, емисии за „Ковид 19“. По интернет порталите тоа е главна тема, а се ни се чини како на короната никако да и дојде крајот.

Надлежните инстуции апелираат да се почитуваат мерките за заштита односно да се внимава на хигинета, рацете да се мијат често, да се зајакнува имунитетот, да се седи дома, да се нема контакт со заболени лица.

Македонските јавни личности преку социјалните мрежи апелираат до граѓаните да останат во нивните домови и да ги почитуваат мерките.

Новонастаната ситуација ги одложи плановите на многумина, а го одложи и снимањето на петатта сезона на „Преспав“.

Познато е дека требаше да се снима продолжение на македонскиот ситком „Преспав“ , но корона стави кочница и „ги затвори вратите“ на пансионот. Меѓутоа, актерите се јавија од затворените врати и апелираа да се почитуваат мерките за заштита.

За „ТВ уличница“ сега се обрати и Талат кој ќе успее да ве насмее во овие тешки денови.

Имено, Талат во видеото вели дека порано ги миел рацете само кога го поправал голфот и рацете му се поцрнувале, но сега поради корона вирусот ги мие рацете многу често.

Тој апелираше до сите да одржуваат хигиена, да го чуваат здравјето, да останат дома бидејќи и дома има што да се прави.

Целото видео погледнете го подолу.