недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 40
home Познати

ТАЈНА ЧУВАНА 20 ГОДИНИ: Леонтина проговори за врската и расправијата со Жељко – откри кој ги смири и како сега се согласуваат

ТАЈНА ЧУВАНА 20 ГОДИНИ: Леонтина проговори за врската и расправијата со Жељко – откри кој ги смири и како сега се согласуваат

Леонтина и Жељко Јоксимовиќ цели осум години не разговараа.

Емотивната врска на Леонтина Вукомановиќ и Жељко Јоксимовиќ никогаш не беше докажана до крај, затоа што ниеден од нив не ги призна а ниту ги демантираше гласините за нивната наводна љубовна приказна. Се до денес, кога пејачката по 20 години реши да ја открие комплетната вистина.

Леонтина и Жељко не разговараа повеќе од осум години, по што сепак успеаја да го обноват контактот.

– Се запознав со Жељко во 1999 година за време на турнејата на естрадниот синдикат во Република Српска. Потоа поминавме многу време заедно во студиото каде работевме на песни. Бев на врвот на кариерата и затоа медиумите често ме поврзуваа со многу мажи. Врската помеѓу нас двајцата никогаш не беше потврдена, се работи за медиумски инсинуации, навистина бевме блиски пријатели и соработници, рече Леонтина, додавајќи:

– Се дадовме креативно до максимум. Тој напиша песни за мојот албум, јас за неговиот, и затоа понекогаш поминувавме денови и ноќи во студиото. Напишавме многу песни заедно за други пејачи.

Нивното пријателство траеше до 2004 година, кога по жестока расправија ги прекинаа сите форми на комуникација.

– Настапував на Радио фестивалот со песната „Крилја“ и потоа целосно ги сменив соработниците, така што и Жељко не беше меѓу нив. Тоа воопшто не му се допадна, имавме страшна расправија на едно снимање, по што ја прекинавме соработката, вели таа. Леонтина додава дека ова не било единственото несогласување меѓу нив.

– Имав идеја да отворам детски центар, бидејќи пишувам песни за деца и настапувам на детски концерти од 1991. Му го предложив тоа на Жељкоко, но наскоро се откажав од се, бидејќи тој се гледаше себеси како директор на тој центар.

По повеќе од осум години никаква комуникација, сопругата на Жељко, Јована Јоксимовиќ успеа да ги помири, но само на деловен план.

– Без оглед на тоа што не разговарав со Жељко, бев во добри односи со Јована. Бев чест гостин во нејзините емисии, а исто така се сретнавме и разговаравме заедно на фризер. Во 2013 година, Јована изрази желба да направи песна за Жељко. Се согласив но да комуницираме преку е-пошта. Таа се согласи со тоа и така мојата песна „Лудак како мене“ беше една од првите кои ги прифати тој, а подоцна ја зема и песната „Дама“. Му ги испратив демо композициите по е-пошта, нему му се допаднаа, изјавила Леонтина.

Леонтина и Жељко никогаш не го обновија пријателството што некогаш го имаа, но продолжија да комуницираат на професионален начин.

Локални избори 2021