вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 130
home Познати

ТАГА ДО НЕБОТО: Популарната пејачка почина по породувањето, нејзиниот сопруг го снимаше моментот кога им ја соопшти веста на четирите деца

ТАГА ДО НЕБОТО: Популарната пејачка почина по породувањето, нејзиниот сопруг го снимаше моментот кога им ја соопшти веста на четирите деца

Популарната малезиска пејачка Сити Сара Рајсудин почина од последиците од ковид -19 само неколку дена откако роди момче – нејзиното четврто дете.

Сити беше ставена во индуцирана кома во осмиот месец од бременоста поради ниските нивоа на кислород, за да може да се роди нејзиното бебе.

Бебето е спасено, но пејачката не доби шанса да го запознае.

Нејзиниот сопруг во изјава за медиумите рече дека последен пат разговарал со сопругата преку видео повик и дека солзи ѝ течеле по лицето.

– Таа сфати што се обидуваме да ѝ кажеме – рече тој и додаде дека не знае како ќе им ја пренесе оваа вест на своите деца.

Тамошните медиуми претходно пишуваа дека целото семејство било позитивно за ковид-19, и дека биле заразени од лице кое им помагало во домашните работи.

Коронавирус