сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Познати

Тага до небото: Маја Оџаклиевска во болка и со кнедла во грлото едвај проговори, за мене е ненормално да умре човек на тие години!

Тага до небото: Маја Оџаклиевска во болка и со кнедла во грлото едвај проговори, за мене е ненормално да умре човек на тие години!

Еденa од најдобрите вокали на просторите на поранешната Југославија е Маја Оџаклиевска, а денеска е во центарот на внимание откако се прости со долгогодишниот соработник и колега кој почина од коронавирусот.

Станува збор за Санје Илиќ кој денеска почина на 70 годишна возраст од вирусот.

Веста пејачката ја дознала од новинарите кои ја контактирале, па останала буквално шокирана.

-Не сум слушнала, што зборувате вие, јас сум на село. Дали е тоа можно?, потресно изговорила Оџаклиевска.

Таа додала дека многу соработувале и дека биле блиски пријатели.

-Не знам ама мене ми е ненормално да умре човек на негови години. Тој за мене се уште е млад, со солзи раскажува Маја за српските медиуми.

Коронавирус