вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 4
home Познати

Таа се бори со ракот, а тој нагло остаре: Како изгледаат денес Дени и Сенди од „Брилијантин“? (ФОТО)

Оливија во мај минатата година откри дека по вторпат се бори со рак. Имено, 25 години откако првпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка, докторите откриле дека ракот се вратил и дека метастазирал во крстната коска.
Таа се бори со ракот, а тој нагло остаре: Како изгледаат денес Дени и Сенди од „Брилијантин“? (ФОТО)

Оваа година се одбележуваат 40 години од првото прикажување на еден од најромантичните филмови на сите времиња – „Брилијантин“.

Џон Траволта и Оливија Њутн-Џон, актерите кои влегоа во улогите на Дени и Сенди во култниот филм од 1978 година, се сретнаа повторно на гала во Лос Анџелес.

63-годишниот актер и 69-годишната актерка и пејачка заедно одржаа говор на сцената.

Оливија во мај минатата година откри дека по вторпат се бори со рак. Имено, 25 години откако првпат ѝ бил дијагностициран рак на дојка, докторите откриле дека ракот се вратил и дека метастазирал во крстната коска.

И покрај здравствените проблеми, Оливија со ведра насмевка освојува каде и да се појави.

Немам повеќе болки и среќна сум што можам да работам повторноизјавила таа во ноември минатата година.

 

Коронавирус