Британската актерка Хелен Мирен, наспроти богатата кариера во Холивуд, неодамна призна дека некогаш била многу несигурна личност.
72-годишната актерка неодамна изјави дека “целиот свој живот се соочувала со несигурност”.
Славната Оскаровка, се чини дека својата несигурност ја оставила настрана и одлучила да ја поттикне свеста за природната женска убавина. На својот Инстаграм профил, актерката објавила фотографија еден ден по одржаното доделување на Оскарите.
На фотографијата која ја споделила со своите обожаватели, Хелен позира без грам шминка на своето лице, гордо покажувајќи ја секоја брчка, а самата фотографија настанала за време на спремањето за доделувањето на Оскарите.