петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Познати

„Таа не е некој кој седи дома и плаче“: Конечно откриено зошто раскинаа латино дивата и бејзбол играчот

„Таа не е некој кој седи дома и плаче“: Конечно откриено зошто раскинаа латино дивата и бејзбол играчот

По шпекулациите дека бејзбол играчот ја изневерил латино дивата, извор близок на пејачката открива што се случило.

Пред неколку дена пејачката и актерка Џенифер Лопез и некогашниот спортист Алекс Родригез, издадоа заедничко соопштение за медиумите во ко што потврдија дека ја раскинале свршувачката.

Иако постојано објавуваа фотографии на кои покажуваа колку се вљубени, по еден месец шпекулации, двојката, сепак, одлучи да се раздели, како што напишале и да останат пријатели, а медиумите веќе со недели пишуваа за нивниот турбулентен однос, и на крајот, раскинувањето го доведоа во врска со ријалити ѕвездата Медисон Лекрој, со која, наводно Алекс ја изневерил Џенифер.

Како што сега откил извор близок до пејачката, дури и пред да се појават таквите гласини Џенифер не му верувала целосно на Родригез.

Поради тоа токму таа „инсистирала“ на раскинување:

– Не е важно дали ја изневерил или не. Таа нема да го толерира стравот дека некогаш ќе ја изневери. Таа инсистираше на тоа. Имаше премногу нерешени проблеми. Беше мошне несреќна и мислам дека за неа не беше добро да остане со Алекс – рекол неименува извор за магазинот „Пипл“.

Изворот којшто наводно ѝ е пријател на Џеј Ло изјавил дека таа сега се чувствува добро:

„Џенифер и претходно беше во вакви ситуации. Таа не е некој кој што само ќе седи и ќе плаче. Нејзините деца најмногу ја прават среќна, добро е“, вели изворот.

Наводно пејачката веќе подолго време не била среќна покрај Родригез, а откако ја изгубила довербата во него крајот бил неизбежен.

И пандемијата влијаела и на нивната врска. Бидејќи се гледале секој ден, повеќе немало искри меѓу нив. И двајцата не биле навикнати цело време да го поминуваат заедно.

Старлетата Медисон Лекрој неодамна се огласила и истакнала дека Алекс ѝ пишувал, но дека никогаш не се сретнале во живо.

„Тој ме контактираше и, да, разменивме пораки, но освен тоа, немаше ништо … Никогаш не го видов и не го допрев. Ние бевме само познаници. Тој никогаш не ја изневери вереницата со мене”, изјавила Медисон за „Пејџ сикс“.

Коронавирус