сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Познати

Таа му е сопруга на лидерот на Северна Кореја: Детали за животот на дамата која крие дури и кога е родена

Таа му е сопруга на лидерот на Северна Кореја: Детали за животот на дамата која крие дури и кога е родена

Северокорејскиот претседател Ким Џонг – ун, не само што сите ги изненади со патот за Пекинг, туку и дека ја понесе сопругата со себе. Тоа  не би било ништо чудно да не беше ова негово прво излегувањње надвор од земјата по 6 години.

За неговата жена Ри-Со- Ју, многу малку се знае, не е познато кои и се родители и каков и бил животот пред да се омажи за Ким, а не се знае ни колку години има.

И нејзиното име не е официјално објавено најверојатно е тајно. Аналитичарите мисалт дека Ри е всушност псевдоним, под кој се претставува за нејзиниот живот пред бракот да остане непознат.

Ким и Ри во јавност за прв пат се појавиле на еден концерт во 2012 година, по соопштувањето дека таа му е сопруга, но деталите не се објавени.

До 2014 година повеќе пати се појавиле заедно, а потоа Ри се до неодамна, воглавно исчезнува од јавноста. Изворите од Јужна Кореја тврдат дека некогаш била навивачка и пејачка и дека е родена меѓу 1985 и 1989 година.

Во 2005 година неодамна допатувала на Светско првенство во атлетика во Јужна Кореја , како дел од навивачкиот штаб на Северна Кореја. Се зборува дека пеела во Оркестарот Унхасу, кој настапувал за Ким и неговиот татко за време на новогодишниот концерт во 2010 година.

– Можно е Ким да ја избрал за жена откако што ја видел во концертната сала, пишуваат медиумите.

А BBC пак пишува дека била пејачка на групата Ро-Си- ју, но никогаш не е потврдено дека таа девојка и сопругата на Ким е истата личност.

Јужнокорејските безбедносни служби  веруваат дека е пејачка, но велат дека нејзиното право име е Хјон Сонг -вол и дека името го променила после свабата со Ким.

Ри набрзина се омажила за Ким во 2009 година, бидејќи Ким Џон стариот доживеал мозочен удар и сакал да го осигура наследникот. Исто така се верува дека првото дете го родила во 2010 година, а во 2013 и 2016 уште два пати се породила. По раѓањето на децата  целосно исчезнала од јавноста.

Американската кошаркарска ѕвезда воедно и пријател на Ким, Денис Родман во едно интервју спомна дека нивното второ дете се вика Џу Ае, а за останатите деца не се знае.

Пред да се омажи за Ким, Ри била во посета на најпрестижната образовна установа во Северна Кореја. Таа се запишала на шестмесечен курс за да биде подготвена за фунцкијата прва дама.

Најнови вести

Коронавирус