недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Таа изгледа совршено, а сега ја откри и нејзината тајна: Со овие оброци, изгледајте како Хали Бери

Таа изгледа совршено, а сега ја откри и нејзината тајна: Со овие оброци, изгледајте како Хали Бери

Познато е дека Хали Бери е на кето-диета и дека ја промовира секогаш кога ќе ѝ се укаже шанса за тоа. Еве што јаде за 24 часа и колку напори таа треба да вложи за да биде убава и здрава.

Врз основа на фотографиите што Хали Бери ги споделува на своите обожаватели промовирајќи ги придобивките од кето-диетата, точно е познато како изгледаат нејзините оброци во период од само еден ден.

Појадок

Хали Бери за појадок пие смути од зелје и репа, а кога мисли дека треба уште да работи на себе за да изгледа како што сака, едноставно го прескокнува појадокот.

Ручек

За овој оброк Хали обично се определува за мешан зеленчук во комбинација со тврдо варени јајца.

Покрај тоа, на нејзиното мени може да се најде туна-салата; мелено говедско или месо од мисирка со сирење, краставица и зелена салата; боранија во болоњезе-сос.

Во петок секогаш има ист ручек, кој вклучува бифтек со салата од зеленчук, составена од мешан листест зеленчук, ‘рдоква, пиперки и краставици.

Вечера

За овој оброк Хали Бери најчесто јаде вегетаријанска салата, која се состои од варено јајце, домати, краставици, трапист и зелена салата. Преливите за ова јадење се различни, но се базираат на млечни производи.

Покрај тоа, Хали се храни со риба (обично езерска), пржена на кокосово масло, или чили-пилешко (варено пилешко месо во лут сос од пиперка).