петок, 30. септември 2022. Вести денес: 169
home Познати

Таа е најзгодната македонска докторка, а сега направи промена и изгледа уште пожешко (ФОТО)

Таа е најзгодната македонска докторка, а сега направи промена и изгледа уште пожешко (ФОТО)

На македонската забавна музичка естрада имаме и пејачки кои освен пеењето се посветени и на примарната професија за која студирале, а меѓу нив е пејачката Симона Попоска, која од пред неколку месеци ја зема и докторската диплома.

Дојде време Симонче да го облече белиот мантил, да ги лечи пациентите, но и да ги разубавува болничките ходници.

За Симона во изминатата година се случија доста промени на приватно поле, па освен што стана специјализант на кардиологија, таа го кажа и судбоносното „Да“.

Сепак, работата како лекарка не ја спречува да ја негува и својата музичка кариера, па освен пациентите, не ги остава ниту верните обожаватели.

Па така, неодамна ги изненади со нова фотосесија, потпишана под нејзиното уметничко име „Мон бонбон“ , а за таа прилика ја скрати косата и покажа една поинаква визуелна верзија од себе.

Промените по се изгледа добро и годат, па сака се почесто да ги прави, и од русокоса сега премина во бринети.

Тоа го покажа на својот Инстаграм со едно „селфи“ на кусите приказни на социјалната мрежа, а вие проценете каква е посекси, русокоса или црнка?

Најнови вести

Коронавирус