вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 65
home Познати

Таа е најпосакувана од мажите ширум светот, а поранешниот сопруг не сака да чуе за неа

Таа е најпосакувана од мажите ширум светот, а поранешниот сопруг не сака да чуе за неа

Холивудската ѕвезда Бред Пит воопшто не размислува за смирување со Анџелина Џоли.

Нема никакви шанси, велат американските таблоиди, кои се повикуваат на лица блиски до Бред Пит.

Тој размислува за други работи, а за Анџелина и смирување по разводот не сака ниту да зборува.

Анџелина, пак, тврди дека со тешко срце ги поднела документите за развод, откако долго се двоумела.

-Бред е сосема рамнодушен дали и недостасува на Анџелина и воопшто не му е жал што бракоразводниот процес е во тек. Тој нема никаква желба за помирување, ниту за втора шанса. Последните години брак со Анџелина за него беа вистински пекол. Тоа одело дотаму што се прашувал дали некогаш воопшто ја познавал, зашто се однесувала многу лошо. Сега е концентриран да изгради однос со децата и да не го изгуби контактот со нив, зашто му се се на светот, изјавил изворот на кого се повикуваат американските таблоиди.

Бред и Анџелина се уште не се официјално разведени, иако документите ги поднеле пред две години, зашто имаат проблем со старателството над децата и алиментацијата.

Коронавирус