петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Познати

Таа е меѓу најубавите жени во светот: Некои го критикуваат овој нејзин стајлинг, но другите полудеа по него (ФОТО)

Таа е меѓу најубавите жени во светот: Некои го критикуваат овој нејзин стајлинг, но другите полудеа по него (ФОТО)

45-годишната актерка Кејт Бекинсејл, една од најубавите жени на светот според списанието “FHM”, била во центарот на вниманието на доделувањето на наградите “Men of the Year Awards” во Лондон.

Таа за пригодата носела необична креација – комбинација од кимоно и костим за капење, а овој храбар избор на фустан ѝ создавал проблеми на доделувањето.

Додека одела на црвениот тепих, Кејт морала да внимава да не открие премногу, а многумина велат дека ваквата комбинација и претерано разголениот избор на облека не е примерен за црвениот тепих.

Критичарите пронашле мноштво недостатоци на фустанот кој го потпишува дизајнерката Џулиен Мекдоналд. Креацијата имала шлиц до колковите, изрез на струкот и длабоко деколте, при што го направиле фустанот да изгледа “eвтино”.

Неколку дена претходно, Бекинсејл присуствувала на доделувањето на наградите “Deauville Talent Award” во склоп на истоимениот фестивал во Франција, каде исто така сите погледи биле вперени кон нејзиното бујно деколте.

Таа на себе носела полупроѕирен црвен фустан со светкави перли и кристали, чиј дизајнер е познатиот Зухаир Мурад, а изгледот го надополнила со салонки на Кристијан Луботин, пишува “Harper’s Bazaar”.

 

View this post on Instagram

 

Thank you @deauvilleus for the most beautiful honour of your talent award . What an amazing day and night! bisous bisous ???

A post shared by Kate Beckinsale (@katebeckinsale) on

Коронавирус