сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Познати

Таа е “кралица на бакшишот“: Јана добива многу пари за песна, а еве што прави на настапите на своите колеги

Таа е “кралица на бакшишот“: Јана добива многу пари за песна, а еве што прави на настапите на своите колеги

Пејачката Јана Тодоровиќ привлекува внимание каде и да се појави. Таа важи за една од пејачките која создава атмосфера за паметење на забави и разни настапи, па не е изненадувачки што ја нарекуваат „кралица на бакшишот“.

Сепак, како што вели Јана, не се двоуми да им дава бакшиш на своите колеги.

-По природа сум весела и кога ќе се појавам некаде создавам таква атмосфера. Инаку, јас никогаш не пеам балади на моите настапи, туку само брзи и весели песни. Дури и кога ќе започнам да настапувам, не започнувам со бавни песни. Јас сум позната по тоа. Право во глава, што се вели. Вештината е да го погодите гостинот со песна, да му пријдете на вистински начин, да го подобрите неговото расположение. Потоа тој вади бакшиш и ве почестува затоа што сака да ве награди. Мислам дека нема некои посебни тајни. Едноставно, мојата природа, енергија, глас, како и песните што ги изведувам ги тераат луѓето да ми даваат пари и тоа е убаво, вели Јана и додава дека истото го прави и на настапите на нејзините колеги.

– Јас сум позната по тоа што секогаш вадам пари и им давам на моите колеги. Тоа сите можат да ви го кажат. Ако добивате мора и да дадете. Тогаш секогаш се враќа, вели Јана.

Коронавирус