четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 2
home Познати

Таа е хрватската амајлија- сопругата на Златко Далиќ блеска на трибините, но тешко се справува во домот со тројца мажи (ФОТО)

Таа е хрватската амајлија- сопругата на Златко Далиќ блеска на трибините, но тешко се справува во домот со тројца мажи (ФОТО)

Иако дипломирала на Економскиот факултет, ја напушти работата за да може да ни се посвети на нас. Не е лесно да живееш со тројца мажи во домот. Од секогаш внимавала да ги воспита децата и да го зачува семејството, ова се само дел од пофалните зборови кои ги пренесуваат хрватските медиуми, а ги изјавил хрватскиот селектор Златко Далиќ кој во моментов е најсаканата личност во Хрватска.

Тој за хрватските медиуми вели дека со сопругата започнале од нула, биле момче и девојка кои сакале да направат нешто од животот.

-Се соочивме со многу успеси и падови, но секогаш тоа го пребродувавме, додава Далиќ.

Парот е во брак 25 години, а се запознале во средно училиште, тогаш Далиќ играл за Хајдук, додека со Даворка се гледале за време на неговите слободни денови.

Набрзо се земале, а од бракот произлегле двата сина Тони (25) и Бруно (20).

Инаку вечерва таа и синовите ќе бидат најголемата поддршка на хрватскиот селектор, мечот помеѓу Хрватска и Англија за влез во финалето се игра во 20 часот во Москва.