понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 103
home Познати

Свршеникот на Лејди Гага се извини за „лајкот“

Свршеникот на Лејди Гага се извини за „лајкот“

Поранешниот свршеник на Лејди Гага, Тејлор Кини се извини поради „допаѓањето“ на коментар на Инстаграм на нејзина сметка.

Се работи за коментар од следач на Кини, дека е одлично тоа што „навреме се ослободил од Лејди Гага“, чие вистинско име е Стефани Германота. Актерот не возврати со коментар, туку само стисна „допаѓање“.

-Жалам за „лајкот“. Случајно беше тоа. Горд сум и среќен за Стефи, напиша потоа актерот.

Лејди Гага беше верена со Кини од 2015 до 2016 година, а прекинот го оправдаа со многуте работни обврски. (МИА)