понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Познати

Светот со нетрпение ја очекува на трибините, упатените ја открија причината: Еве зошто Колинда не ги поддржува ракометарите (ФОТО)

Светот со нетрпение ја очекува на трибините, упатените ја открија причината: Еве зошто Колинда не ги поддржува ракометарите (ФОТО)

Хрватската јавност со нетрпение очекува вистинска поддршка од трибините на нивната ракометна репрезентација на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Данска и Германија.

Добрите спортски познавачи велат дека таа допрва ќе се појави иако се подготвува за претседателска трка по втор пат.

Станува збор за Колинда Грабар Китаровиќ која стана вистински хит на СП во Русија минатата година.

Како што велат познавачите, Колинда ќе се појави на веќе сигурен терен, при крајот од мундијалот за да им даде целосна поддршка на спортистите и нацијата при освојувањето на повисоките места на СП.

Колинда инаку стана вистински хит и атракција низ целиот свет за време на СП каде се појавуваше речиси на секој меч, а освен во соблекувалната на фудбалерите, таа влезе и во соблекувалната на одбојкарите кои неодамна и донесоа нова радост на Хрватска.

Во моментов Колинда е во работна посета во Турција каде се сретна со нејзиниот колега Ердоган.

 

View this post on Instagram

 

Polaganje vijenca na grobnicu Mustafe Kemala Atatürka #statevisit #turkey #prhkgk

A post shared by Kolinda Grabar-Kitarović (@predsjednicarh) on

Коронавирус