понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 102
home Познати

Светот се згрози од деталите од мемоарите: Претходниот брак Меган го раскинала преку поштарот

Светот се згрози од деталите од мемоарите: Претходниот брак Меган го раскинала преку поштарот

Поранешната актерка, а сега најпопуларна идна невеста во кралското семејство Меган Маркл, го шокираше светот со тоа како одлучила да се разведе од својот поранешен сопруг.

Толку многу и се брзало да го заврши бракот, што свршеничкиот прстен и бурмата ги испратила преку пошта до својот поранешен сопруг.

Имено, Меган била во брак со своето долгогодишно момче, продуцентот Тревор Енгелсон.

Сепак, бракот не траел долго, само две години поминале заедно, а во 2013 година актерката се развела – поради непомирливи причини.

Ова се познати детали од нејзиниот поранешен живот, но сега се појавија деталите кои се запишани во мемоарите на идната сопруга на британскиот принц Хари.

Имено, по потегот со поштенската испорака, нејзиниот сопруг бил многу вознемирен и бесен.

Авторот на биографијата, Ендру Мортон изјави дека пријателите кои биле блиски до парот знаеле дека Меган и Тревор многу тешко го поднесуваат фактот што таа се преселила во Торонто за да може да работи на серијата „Suits”, која и ја прослави.

Сепак, парот извесно време се трудел да го одржи бракот „на далечина“.

Бидејќи тоа не одело добро, таа ги испратила прстените, а многу брзо адвокатите го завршиле својот дел од работата. Меган овој пат на 19 мај ќе се омажи за принцот Хари.

Коронавирус