Овие 10 дена ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, ужива на популарната Ибица со потесното семејство на нејзината најнова љубов, фудбалерот Немања Гудељ.
Откако Немања беше во Белград на нејзиниот роденден, тие заедно заминаа на островот од каде убавата Анастасија објави неколку снимки и покажа како си поминуваат на ова егзотично место.
„Препечена“ напиша Анастасија на видеото на кое се сонча во костим за капење, а потоа за момент ја покажа и мајката на своето момче, Оливера Гудељ, која исто така уживаше со снаата во дводелен костим за капење.
„Ова на селичи, само на свекрва НЕ!“ – Коментираа следбениците на Анастасија. Погледнете ја госпоѓа Гудељ.